• вторник, 21 мај 2024

Фатени крадци на дело во Струга, следува пријава

Фатени крадци на дело во Струга, следува пријава

Скопје, 26 јануари 2024 (МИА) - Охридската полиција вчера фатила двајца крадци при вршење кражба во трговски објект на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Одземеното било вратено на сопственикот, а против крадците ќе биде поднесена соодветна пријава, известуваат од МВР.

- На 25.01.2024 во 14.30 часот во Струга, полициски службеници од СВР Охрид ги привеле 40-годишната Б.Т. од прилепското село Долнени и 47-годишната С.А. од селото Дебреште, прилепско. Тие биле затекнати при вршење кражба во трговски објект на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот, соопштуваат од МВР.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. ир

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан