• петок, 22 ноември 2024

Нов директор на ЈП „Чистота и Зеленило“ Куманово е Ненад Стојановски

Нов директор на ЈП „Чистота и Зеленило“ Куманово е Ненад Стојановски

Куманово, 21 мај 2024 (МИА) - Ненад Стојановски е назначен за в.д. директор на кумановското јавно претпријатие „Чистота и Зеленило“. Тој доаѓа на местото на Даниел Стојчевски кој ќе стане пратеник во Собранието.

- Назначувањето е директно од градоначалникот, Максим Димитриевски, бидејќи според закон тој ги назначува директорите на претпријатијата. Мојата цел и визија е да продолжиме со квалитетно извршување на работните задачи во делот на изнесување смет, чистење на јавно прометни површини, одржување на гробиштата, на депонијата, расадници, вели Стојановски.

Тој кажа дека ќе се вложи целосно за успешно работење на претприајтио и повика граѓаните да покажат повисока свест за зачувување на животната средина.

Стојановски претходните пет и пол години беше раководител на секторот за даноци и такси, дипломиран економист, на насоката- финансиски менаџмент.

Претходниот директор Стојчевски, пак, заминува во Собранието како пратеник од втората изборна единица од листата на ЗНАМ. Тој беше директор на претпријатието шест години.

- Успеавме да ги подобриме условите во кои работат работниците, да добијат покачување на плати кое го заслужуваат, започнавме со исплата на К-15, раздолжување на дел од долговите кои ги наследив, нови униформи и нова опрема на работниците кои работат на терен, обновување на речиси целиот возен парк, многу нови зелени површини, голем број на насадени дрвја како и поквалитетна услуга којашто ја добиваат граѓаните како крајни корисници, вели Стојчевски.

ЈП „Чистота и Зеленило“ е едно од петте јавни претпријатија во Куманово. ам/сст/


Фото: ФБ Стојчевски и Стојановски


 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан