УХМР: Утре и во сабота зголемување на дневната температура
- Утре и во сабота ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец што ќе услови значително зголемување на дневната температура и забрзано топење на снежната покривка, информираат денеска од УХМР.
Скопје, 30 ноември 2023 (МИА) - Утре и во сабота ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец што ќе услови значително зголемување на дневната температура и забрзано топење на
снежната покривка, информираат денеска од УХМР.
Минималната температура утре ќе се движи од 0 до 8 степени, а максималната од 13 до 17 степни Целзиусови.
Во сабота минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени, а максималната од 13 до 19 степени.
Под влијание на влажен бран во недела ќе има локални врнежи од дожд, а ветерот ќе се промени во северен и долж Поварадрието ќе засилува. Од понеделник температурата повторно ќе се намали. дма/лв/
Фото:МИА архива