• сабота, 20 јули 2024

Младите невработени до 29 години, пријавени во Агенцијата за врабитување во Велес можат аплицираат за мерката практиканство

Младите невработени до 29 години, пријавени во  Агенцијата за врабитување во Велес можат аплицираат за мерката практиканство

Велес,16 мај 2024 (МИА) - Невработени млади лица до 29 години со завршено средно образование и евидентирани во Агенцијата за вработување Велес кои немаат работно искуство можат да аплицираат на активната мерка за практиканство, а за што три месеци ќе добиваат финансиска поддршка од 11 илјади денари. Јавниот повик трае до утре 17 мај до 14 часот.

Оваа мерка обезбедува во период од три месеци стекнување на практични работни знаења и вештини кај работодавачите со цел извршување на потребните работни задачи на одредени работни места. Од Центарот за врабитување Велес потенцираат дека местата се ограничени, затоа сите заинтересирани невработени лица можат да аплицираат се до исполнување на предвидениот опфат на корисници. Пријава за учество во мерката може да се поднесе секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот. Исто така може да се аплицира и електронски преку https://e-rabota.av.gov.mk .

Од Агенција за вработување појаснуваат  дека секој кандидат којшто ќе биде избран и вклучен во мерката практиканство ќе добива финансиска поддршка во износ од 11 илјади  денари месечно за периодот додека ја извршува практичната обука. Исто така вклучено е и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход. Правата и обврските помеѓу АВРСМ  и учесниците во програмата ќе бидат уредени со склучување на меѓусебен договор.ад/да/

Фото: принтскрин

Остани поврзан