• недела, 28 април 2024

Утрово најстудено во Берово

Утрово најстудено во Берово

Скопје, 13 април 2024 (МИА) - Утрово е најстудено во Берово, 4 степени, а во Велес се измерени 15. Како што информира УХМР, до 08:30 часот температурата изнесувала 5 степени во Лазарополе, 6 на Попова Шапка и во Маврови Анови, 8 во Битола и Претор, 9 во Охрид, Тетово и Струмица, 10 во Скопје-Петровец, Штип, Крива Паланка, Демир Капија, Прилеп, Дебар и Крушево, 12 во Виница, Гевгелија и Кавадарци, како и 14 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово и Дојран.  

Изутринава во североисточните делови има мала локална облачност, а наместа дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во текот на денот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 30 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 29 степени. мч/

фото: МИА архива

Остани поврзан