• петок, 19 април 2024

Утре сончево и релативно топло, видендот променливо облачно со повремен дожд

Утре сончево и релативно топло, видендот променливо облачно со повремен дожд

Скопје, 22 февруари 2024 (МИА) - Утре ќе се задржи сончево и релативно топло време со умерена облачност и со умерен, наместа засилен јужен ветер. За време на викендот и во понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

Како што најавуваат од управата за хидрометеоролошки работи, во сабота ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југоисточен правец. 

Времето денеска сончево, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

Времето во Скопје претежно сончево со слаб ветер од јужен правец, со температура до 16 степени целзиусови. сст/са/

фото МИА архива

 

 

Остани поврзан