• вторник, 21 јануари 2025

Левица: Книги и документи со огромна вредност, наместо на полици, расфрлани низ паркингот на Државен архив

Левица: Книги и документи со огромна вредност, наместо на полици, расфрлани низ паркингот на Државен архив

Скопје, 22 декември 2024 

Уништувањето на документи во државниот архив не е случајно! Особено, доколку се земе предвид уништување на документи во епоха на историски ревизионизам и идентитетски поткусурувања на империјалистички настроените влади во соседските држави. По промената на власта, очекувавме нешто во оваа институција да се смени. За жал, коалицијата на ДПМНЕ и ЗНАМ, очекувано потфрли и во оваа сфера.
 
Главното депо е со ограничен пристап, без соодветен влез и нефункционална вентилација. Внатре гнијат документи стари и по неколку стотици години.
 
Новата зграда на Архивот, иако изградена во проектот ,,Скопје 2014", со реконструиран кров во 2019, на минатонеделните дождови повторно протече вода. 
 
Книги и документи со огромна вредност, наместо на полици, расфрлани низ паркингот, а паркингот нефункционален, затоа што нема кој да го поправи лифтот.

Прес-конференцијата на Александар Симонов, член на Президиумот на Левица:

Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица

______________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан