• петок, 22 ноември 2024

УНЕСКО: Австралија да преземе итни мерки за заштита на Големиот корален гребен

УНЕСКО: Австралија да преземе итни мерки за заштита на Големиот корален гребен

Сиднеј, 25 јуни 2024 (МИА) - Австралија мора да преземе „итна“ акција за заштита на Големиот корален гребен со усвојување поамбициозни климатски цели, соопшти Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО).

-Најголемиот корален екосистем во светот е „сериозно загрозен“, а приоритет е „итна и одржлива акција“, се наведува во извештајот на организацијата на ОН, пренесе Бета.

УНЕСКО побара од Австралија да обезбеди информации за напорите за заштита и зачувување на коралите до почетокот на 2025 година, но не препорачува локацијата да биде ставена на списокот на загрозено светско наследство.

Активистите за заштита на животната средина сметаат дека одлуката на УНЕСКО треба да се сфати како „повик за будење“.

На Големиот корален гребен, на североистокот на Австралија, му се заканува избелување поради глобалното затоплување, при што се загрозени 73 отсто од гребените, објави управата на оваа локација во април. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан