• петок, 17 мај 2024

Украинското обвинителство започна истрага за 15.000 случаи на воени злосторства во Украина

Украинското обвинителство започна истрага за 15.000 случаи на воени злосторства во Украина
Обвинителите од Украина, Полска, Литванија и Меѓународниот кривичен суд во Хаг разговараат за статусот на истрагите за наводните воени злосторства во Украина. Обвинителите се членови на заеднички истражен тим. Три други земји, Латвија, Естонија и Словачка, исто така се приклучија на оваа заедничка истражна структура. Работата на Заедничкиот истражен тим ја координира Европското правосудство, Европравда. Доказите и извештаите на сведоците се чуваат во централна база на податоци и ќе бидат достапни за сите членови на истражниот тим. По почетокот на руската инвазија на Украина во февруари, Украина, Полска и Литванија формираа заеднички истражен тим. паг/

Остани поврзан