• сабота, 18 мај 2024

Тухел пред реваншот со Лацио: Не сакам да губам, овој момент е многу важен за мене

Тухел пред реваншот со Лацио: Не сакам да губам, овој момент е многу важен за мене

Минхен, 4 март 2024 (МИА) - Баерн Минхен со гол негатива го пречекува Лацио во битката за пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Германскиот шампион загуби на првата средба во Рим со 0:1 и сега мора да победи. Реваншот на „Алијанц Арена“ е во вторник навечер од 21:00 часот.

Тренерот Томас Тухел е уверен во класата на своите играчи, дури и ако во последно време не импресионирале со своите настапи. Додаде дека за него ова не е последен меч на чело на Баварците во Лигата на шампионите.

- Не го гледам овој натпревар како мој последен во Лигата на шампионите. Можам да ве уверам дека нема поамбициозен за победи од мене. Не сакам да губам и затоа овој момент е многу важен за мене лично. Едноставно не можам да се справам со поразот. Секој натпревар е нова лекција и ќе продолжам да се развивам како тренер бидејќи фудбалот е моја голема љубов. До мојот последен ден во Баерн, ќе бидам 100% посветен, изјави Германецот.дс

Фото: Архива

 

Остани поврзан