• петок, 15 ноември 2024

Норис: Планирав да го пропуштам Пјастри во последниот круг

Норис: Планирав да го пропуштам Пјастри во последниот круг

Будимпешта, 22 јули 2024 9МИА) - Возачот на Мекларен, Ландо Норис, се осврна на вчерашната трка од Формула 1 шампионатот возена за Големата награда на Унгарија. Тој беше лидер до три круга пред крајот кога му дозволи на клупскиот колега Оскар Пјастри да го престигне и со тоа му ја врати лидерската позиција позицијата.

- Ќе чекав до последниот круг, до последниот свиок. Но, тогаш од тимот ми кажа дека ако безбедносното возило одеднаш се појави, нема да можам повеќе да го пуштам Оскар да оди напред и тогаш во овој случај ќе изгледам како идиот. Потоа му дозволив да оди напред два или повеќе круга пред целта, изјави Норис.

Британецот призна дека му било тешко поради пропуштањето на победата, бидејќи сè уште има шанси да се натпреварува со Макс Верстапен за титулата и дека губењето на овие седум бода [разликата меѓу првото и второто место] може да влијаат на финишот на првенството.

- Некои мисли постојано ми се вртат во главата, бидејќи во овој спорт понекогаш треба да се биде себичен. Мора да размислите за себе - ова е вашиот главен приоритет. Но, јас сум и тимски играч. Сепак, овде ситуацијата беше поинаква. Не беше за да си помагаме еден на друг. Ме ставија на оваа позиција. И сакавме да вратиме сè назад, да ги вратиме нашите претходни позиции. Разбирам сè - како што разбирам и дека многу луѓе ќе речат дека разликата до Макс Верстапен е преголема - 60, 70, 80 поени (во моментов 76) или нешто слично. Но, ако Ред Бул и Макс продолжат да прават грешки како денес, а ние како тим продолжиме да се подобруваме и продолжиме да имаме викенди како оној во Унгарија, тогаш можеме да ги свртиме работите.

Во Генералниот поредок за возачи во Ф1 шампионатот, Верстапен од Ред Букл е лидер со 265 бодови, Норис има 189 на втората позиција. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан