• недела, 05 јануари 2025

Младеновиќ отпадна од конечниот список на Лазаров за Мундијалот

Младеновиќ отпадна од конечниот список на Лазаров за Мундијалот

Скопје, 2 јануари 2024 (МИА) - Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров изврши уште една измена во составот кој ќе настапи на Светското првенство кое ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка.

Лазаров го остава дома Михајло Младеновиќ (Алкалоид), кој игра на позицијата лев бек.

Македонија ќе ги започне натпреварите во групната фаза на 15 јануари со дуел против Унгарија. Потоа, на 17 јануари следи натпреварот со Холандија, а последниот натпревар во групната фаза ќе го одиграме против Гвинеја на 19 јануари. дс

Фото: Архива

Остани поврзан