• вторник, 05 ноември 2024

Манчестер сити размислува да го ангажира Донарума

Манчестер сити размислува да го ангажира Донарума

Рим, 22 јули 2024 (МИА) - Манчестер сити ќе го официјализира трансферот на голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума, пренесува „La Gazzetta dello Sport“.

Според италијанскиот весник, Сити ги разгледува опциите за замена во случај голманот Едерсон да замине. Се истакнува дека за Бразилецот е заинтересиран Ал-Итихад.

Парижаните се подготвени да ги разгледаат понудите за Донарума откако го купија голманот Матвеј Сафонов од Краснодар. Русинот стана играч на парискиот клуб на 14 јуни.

Донарума за ПСЖ игра од 2021 година. Дваесет о петгодишниот Италијанец одигра 114 натпревари за парижаните. Неговиот договор истекува летото 2026 година. 

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 40 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан