• недела, 22 декември 2024

Бостон ќе го продолжи договорот со Хаузер

Бостон ќе го продолжи договорот со Хаузер

Бостон, 22 јули 2024 (МИА) - Раководството на Бостон селтикс  ќе го продолжи договорот со  Сем Хаусер, објави инсајдерот на „ESPN“, Адријан Војнаровски.

Новиот договор со 26-годишниот Американец ќе важи до крајот на сезоната 2028/29. Кошаркарот ќе заработи 45 милиони долари.

Хаузер игра за Бостон селтикс од 2021 година. Во сезоната 2023-2024, тој настапи на 79 натпревари во регуларниот дел од сезоната на НБА и имаше просек од 9,0 поени и 3,5 скока по натпревар.

Бостон е актуелен шампион во најсилната кошаркарска лига на светот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан