• вторник, 05 ноември 2024

Турскиот парламент го одобри влезот на Финска во НАТО

Турскиот парламент го одобри влезот на Финска во НАТО

Анкара, 31 март 2023 (МИА) - Турскиот парламент синоќа ја ратификуваше одлуката со која и се дозволува на Финска да се приклучи на НАТО, отворајќи го патот за Хелсинки да и се приклучи на Алијансата во време на беснеење на војната во Украина, јавија британските медиуми.

Турскиот парламент беше последниот од 30-те членки на Алијансата што го ратификуваше членството на Финска, откако унгарскиот законодавен дом го стори тоа претходно оваа недела.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган претходно месецов изјави дека Финска ја обезбедила наклонетоста на Турција по преземањето конкретни чекори за одржување на ветувањата за сузбивање на групите што Анкара ги смета за терористи и за ослободување на извозот на воена стока.

Финска и Шведска минатата година поднесоа барање за приклучување кон трансатлантскиот воен сојуз како одговор на руската инвазија врз Украина, но процесот беше блокиран од Турција и Унгарија. Парламентите на сите членки на НАТО мора да ги ратификуваат новите членки.

Турција, од друга страна, се уште го одложува одобрувањето на кандидатурата на Шведска за членство во НАТО. сд/

Остани поврзан