• среда, 14 јануари 2026

Нигер го прекина издавањето визи за државјаните на САД

Нигер го прекина издавањето визи за државјаните на САД

Нијамеј, 25 декември 2025 (МИА) – Владата на Нигер денеска одлучи да воведе целосна забрана за издавање визи за државјаните на САД, пренесе новинската агенција на Нигер.

Според извори на агенцијата во дипломатските кругови, Нигер „целосно и дефинитивно го прекина издавањето визи за сите граѓани на САД и воведе неодредена забрана за нивен влез во земјата“.

Агенцијата додава дека мерката е заснована на принципот на реципроцитет и е донесена како одговор на одлуката на Вашингтон да го отстрани Нигер од својата листа на земји чии граѓани ги исполнуваат условите за виза. јт/

Фото: Интернет

Остани поврзан