• петок, 17 мај 2024

Тринаесет фудбалери би можеле да го напуштат Манчестер јунајтед во следните два преодни рока

Тринаесет фудбалери би можеле да го напуштат Манчестер јунајтед во следните два преодни рока

Лондон, 23 ноември 2023 (МИА) – Дури 13 играчи на Манчестер јунајтед би можеле да го напуштат англискиот клуб во следните два преодни рока, пренесува „Мирор“.

Според британскиот медиум, тренерот Ерик тен Хаг планира да продолжи со реструктуирање на тимот и чистење на списокот.

Се истакнува дека главни кандидати за напуштање на клубот се Џејдон Санчо, Мејсон Гринвуд, Дони ван де Бик и Ентони Марсијал.

Педесет и тригодишниот Холанѓанец го предводи тимот од „Олд Трафорд“ од минатото лето. По 12 кола Манчестер јунајтед е шести во Премиер лигата со 21 бод. Лидер е Манчестер сити со 28 бодови.

Манчестер јунајтед ќе се соочи со Евертон на 26 ноември. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан