Трета меѓународна конференција на ученички и студентски домови на Југоисточна Европа
- Третата меѓународна конференција на ученички и студентски домови на Југоисточна Европа ќе се одржи денеска во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Скопје, 24 февруари 2024 (МИА) - Третата меѓународна конференција на ученички и студентски домови на Југоисточна Европа ќе се одржи денеска во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
Домаќин на меѓународната конференција е Државен студентски дом „Скопје“ – Скопје.
На конференцијата ќе учествуваат претставници на повеќе студентски домови од земјава, од Србија, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Грција, Хрватска, Албанија, Косово, Романија, Унгарија и Словенија. мд/аа/
Фото: МИА архива