• среда, 15 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Трамп вели дека ќе го скрати рокот од 50 дена што ѝ го даде на Русија за завршување на војната во Украина

Трамп вели дека ќе го скрати рокот од 50 дена што ѝ го даде на Русија за завршување на војната во Украина

Вашингтон, 28 јули 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе го скрати рокот од 50 дена што ѝ го даде на Русија за завршување на војната во Украина, велејќи дека е разочаран од рускиот претседател Владимир Путин.

-Разочаран сум од претседателот Путин, рече Трамп пред средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Шкотска. „Ќе ги скратам 50-те дена што му ги дадов“, додаде Трамп, но не прецизираше каков ќе биде новиот рок.

Американскиот претседател, исто така, рече дека лидерите на Руанда и Конго ќе дојдат во Вашингтон откако двете земји потпишаа мировен договор минатиот месец. мс/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан