• петок, 05 декември 2025

Трамп со 100 отсто поддршка за Орбан: Виктор е фантастичен, знам дека многу луѓе не се согласуваат, но јас сум единствениот што е битен

Трамп со 100 отсто поддршка за Орбан: Виктор е фантастичен, знам дека многу луѓе не се согласуваат, но јас сум единствениот што е битен

Шарм ел Шеик, 14 октомври 2025 (МИА) – Унгарскиот премиер Виктор Орбан е „фантастичен“ лидер, изјави вчера американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција во египетското одморалиште Шарм ел Шеик.

Во видео објавено на Фејсбук страницата на унгарскиот премиер, Трамп го фали Орбан. 

„Тука ја имаме Унгарија. О, Виктор! Го сакаме Виктор. Ти си фантастичен. Знам дека многу луѓе не се согласуваат со мене, но јас сум единствениот што е битен“, рече Трамп.

На покана на Трамп, Орбан присуствуваше на потпишувањето на договорот за крај на војната во Газа вчера во Египет. Трамп додаде дека го поддржува Орбан на последните избори и „тој победи со 28 процентни поени“.

„Затоа ќе се справите уште подобро следниот пат. Сто проценти стоиме зад вас“, му рече тој. 

Орбан му одговори преку соопштение. 

„Ви благодарам, господине претседателе! Продолжуваме по патот на мирот!“, рече тој.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан