• петок, 05 декември 2025

Холандскиот популист Вилдерс ја продолжува кампањата за изборите на 29 октомври

Холандскиот популист Вилдерс ја продолжува кампањата за изборите на 29 октомври

Амстердам, 15 октомври 2025 (МИА) – Холандскиот популистички политичар Герт Вилдерс денеска соопшти дека ја продолжува изборната кампања за изборите на 29 октомври, по терористичката закана насочена кон него минатата недела.

Вилдерс ги откажа сите јавни настапи. Белгиските власти уапсиле двајца мажи во врска со планирање напад и врз Вилдерс и врз белгискиот премиер Барт де Вевер, пренесе ДПА.

Вилдерс, кој стана цел претежно поради своите критички коментари за исламот, живее повеќе од 20 години во државна безбедносна куќа и има 24-часовно обезбедување.

Во објава на мрежата X, со која најави дека ја продолжува кампањата, рече дека тој и неговото семејство се под постојан притисок.

- Моето име се наоѓа на листите за ликвидација на Талибанците, Ал Каеда и ИСИС (Исламска држава). А нови закани се додаваат речиси секојдневно, често премногу многу за да се поднесат обвиненија, напиша тој.

Вилдерс дека чувствува голема одговорност кон Холандија и кон сите гласачи што ја поддржуваат неговата Партија за слобода (PVV), и дека токму поради тоа ја продолжува својата кампања.

Меѓу главните теми на кампањата се миграцијата и недостигот од станови. Вилдерс бара целосен прекин на прифаќањето азиланти.

Анкетите ја ставаат PVV во водство со 20 отсто поддршка, откако стана најголема партија на последните избори на крајот од 2023 година.

Во тоа време, другите партии му ја одбија функцијата премиер, која му беше доверена на независниот Дик Схоф, но PVV за првпат стана формален дел од владата.

Вилдерс ја повлече својата партија од четирипартиската влада на Схоф во јуни, поради несогласувања околу политиката за азил. јт/

Остани поврзан