• сабота, 23 ноември 2024

Тошковски: Институциите конечно ќе се ослободат од луѓето кои ја злоупотребувале државава за свој личен интерес

Тошковски: Институциите конечно ќе се ослободат од луѓето кои ја злоупотребувале државава за свој личен интерес

Скопје, 14 ноември 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на платформата „100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“ денеска во Владата, рече дека во овој краток временски период додека е министер, докажале дека предмети кои се од висок интерес ќе бидат процесуирани соодветно во рамки на законско утврдена постапка и оти конечно криминалците ќе бидат таму каде што им е местото.

Тошковски говореше за преземените сеопфатни акции од страна на МВР во изминатиот период, под раководство на Обвинителството за борба против организиран криминал и висока корупција.

-Една од позитивните работи што морам да ги истакнам во рамки на МВР, е дека се уште има луѓе кои си ја сакаат Македонија и луѓе кои се професионалци и сакаат да работат за интересите на државата. И тоа е она што треба да биде позитивен сигнал и за македонските граѓани, односно со професионална, чесна и посветена работа. Докажавме дека и во овој краток временски период предмети кои се од висок интерес ќе бидат процесуирани соодветно во рамки на законско утврдена постапка, и конечно криминалците ќе бидат таму каде што им е местото, а институциите ќе се ослободат од луѓето кои не и мислат добро на оваа држава и кои ја злоупотребувале оваа држава за свој личен интерес, нагласи Тошковски.

Министерот посочи дека кога дошол на функција, затекнал, како што кажа, катастрофа во работењето на Министерството, пред се од аспект на работењето на Министерството. 

-Она што го затекнав беше катастрофа од многу аспекти, од функционалноста на работењето на Министерството, состојбите во коишто се наоѓавме како Министерство, и кога ќе начекате таква круцијална институција во таква состојба каква што ја начекав јас, тешко е да дојдете до вистински резултати што треба да резултираат со борба прортив висоиката корупција и организираниот криминал... Но за среќа, мислам дека тоа е и на очиглед на јавноста, покажавме дека дури и за овој краток временски период и со овие ресурси со кои располагаме, покажавме дека можеме да видиме еден одлично сработен предмет каде што еден врховен судија и еден член на Совет на јавни обвинители повеќе не се дел од еден рекетарски систем којшто институционално си го граделе многу години наназад, и со правосилна пресуда, повеќе не се дел од институциите и нема да ги рекетираат македонските граѓани во иднина, посочи Тошковски. нд/ев/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан