ОЈО Тетово поведе истражна постапка против 51-годишник, вработен во МВР, поради оружје и муниција
- Основното јавно обвинителство Тетово поведе истражна постапка за 51-годишник од Непроштено, вработен како виш оперативен работник во МВР, кој во својот дом и во уште една куќа во негова сопственост неовластено чувал огнено оружје, муниција и експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети. Обвинителството побара од судот на лицето да му биде определена мерка притвор.
Скопје, 23 ноември 2024 (МИА) - Основното јавно обвинителство Тетово поведе истражна постапка за 51-годишник од Непроштено, вработен како виш оперативен работник во МВР, кој во својот дом и во уште една куќа во негова сопственост неовластено чувал огнено оружје, муниција и експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети. Обвинителството побара од судот на лицето да му биде определена мерка притвор.
Од Јавното обвинителство информираат дека при претрес врз основа на судска наредба, полицијата во домот и во уште една куќа на осомничениот, пронашла ловна пушка (карабин), 14 парчиња муниција за карабин, дробилка, два оптички нишани, поголема количина на куршуми, чаури и проектили од куршуми од разни калибри, една кеса со барут, една шок бомба, една воздушна пушка „гамо“ со вградена оптика, пиштол „глок“ калибар 9 мм, две рамки со по 10 куршуми и други предмети за кои немал дозвола за поседување.
Претходно, за истиот случај, МВР информираше дека вчера, во 16.45 часот, полициски службеници од Тетово го лишиле од слобода Љ.П.(51) од с. Непроштено, во чиј дом и помошните простории, како и во уште една куќа во селото која е во негова сопственост, нашле оружје и муниција. ир/бак/
Фото: МВР