• петок, 22 ноември 2024

Тинк-тенк извештај: ЕУ мора да го преиспита начинот на водење на надворешната политика 

Тинк-тенк извештај: ЕУ мора да го преиспита начинот на водење на надворешната политика 

Брисел, 22 септември 2024 (МИА) - Европската Унија мора да се преиспита како ја води својата надворешна политика и воедно да изврши промена на работните методи и да зазема поинаков пристап кон клучните партнерства, се оценува во извештајот на тинк-тенкот Институт за безбедносни студии на ЕУ (ЕУИСС) насловен „10 идеи за новиот тим“. 

Во документот во кои се даваат препораки на новата Европска комисија во однос на надворешната политика, се нагласува дека иако Украина ќе остане најзначајно безбедносно прашање за Европа, ЕУ треба да ги преиспита „застарените рамки“, како што е европската политика за соседски односи, да изгради поприспособени партнерства со јужното соседство, пред се во реонот на Медитеранот, да ја зајакне енергетската отпорност и да најде реален пристап кон ограниченото влијание на ЕУ врз Кина и Русија. 

- ЕУ треба да се спротивстави на руското влијание на Истокот со зголемување на нејзината моќ на привлекување и со развивање на радикално нова „Источна политика“, која ќе ја надгради сегашната рамка на Источното партнерство и ќе ја забрза постепената интеграција на земјите кандидати за членство, се вели во Извештајот.

Една од клучните препораки во Извештајот е ЕУ да го прилагоди начинот на својата работа со ревизија на нејзините безбедносни политики и со интегрирање во кохезивната стратегија на некои области, како што се енергијата, миграцијата и одбраната. 

Северна Македонија се вклучва во изградбата на терминалот за течен природен гас во близина на Александропулос. Интерсот од нашата страна е изразен, а поддршка за проектот е добиена и од САД.

Според директорот на Институтот, Стивен Евертс, ЕУ го губи теренот кога станува збор за конкурентноста, но и за надворешната политика. 

- Во суштина, тоа претставува неуспех за прилагодување на потребното ниво, бидејќи меѓународната ситуација се влошува со многу побрзо темпо, од она со кое што ЕУ досега можеше да се справи, вели Евертс, кој е поранешен советник на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел. 

Евертс посочува дека наследникот на Борел на функцијата треба да дејствува како еден вид советник за национална безбедност на европските лидери, што би вклучувало нивно редовно брифирање и презентирање на пакет-политики. 

Во Извештајот се предлага ЕУ да формира „Совет за одбрана на Европа“ составен од шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ, кој би се занимавал со безбедносните прашања и би се состанувал пред секој Самит на Унијата. 

 „Треба да признаеме дека и покрај постојаната посветеност кон интеграцијата во ЕУ ... луѓето во регионот доживуваат чувство на длабоко разочарување во процесот на проширување“, се вели во до

Во документот се препорачува и преиспитување на цивилните и воените мисии на ЕУ во странство, за кои се смета дека во изминатите години имале мало влијание. - Ова би значело помалку мисии и операции во целост, но поголем фокус на земјите кандидати и партнерите од поширокото соседство, се додава во Извештајот. 

Извори во ЕУ посочуваат дека за спроведувањето на ваквите идеи потребни се дополнителни средства, што нема да биде лесно да се обезбедат во услови кога Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) и сега се наоѓа под финансиски притисок, што се очекува да влијае на задржувањето на постојното дипломатско присуство на Унијата во делови на Африка и Латинска Америка. 

Генералниот секретар на ЕЕАС, Стефано Санино, веќе предупреди дека Службата е „многу недоволно буџетирана“, оценувајќи дека ограничувањата на нејзините финансиски средства претставуваат „кусогледост“.

- Ако ги намалиме или затвориме делегациите во другите делови на светот, ќе ја намалиме нашата способност да ги браниме нашите интереси, предупреди Станино пред неколку месеци. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан