• петок, 05 декември 2025

Турција и Нигер потпишаа договор за воена соработка

Турција и Нигер потпишаа договор за воена соработка

Истанбул, 25 јули 2025 (МИА) – Турција и Нигер потпишаа договор за воена соработка за време на Меѓународната изложба на одбранбената индустрија (ИДЕФ) 2025 во Истанбул, пренесе Анадолија.

Договорот за воена финансиска соработка беше потпишан вчера од страна на заменик-министерот за национална одбрана на Турција, Алпаслан Каваклиоглу, и генералниот секретар на Министерството за национална одбрана на Нигер, Сани Каче.

Шестдневната изложба на одбранбената индустрија, која почна во вторник, се одржува истовремено во саемскиот центар во Истанбул, на аеродромот „Ататурк“, во хотелот „Вау“ и во марината „Атакјој“.

Фото: ИДЕФ

Остани поврзан