Галуп анкета: Само 37 отсто Американци го поддржуваат Трамп
- Американскиот претседател Доналд Трамп забележа историски најнизок просечен рејтинг на поддршка во модерната историја на американските претседатели, според истражувањето на реномираната агенција „Галуп“.
Вашингтон, 2 јули 2025 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп забележа историски најнизок просечен рејтинг на поддршка во модерната историја на американските претседатели, според истражувањето на реномираната агенција „Галуп“.
Само 37 отсто од испитаниците позитивно го оцениле неговиот учинок, а најостри критики се однесуваат на политиката кон војната во Украина, која ја поддржуваат само 33 отсто, и на начинот на кој администрацијата го планира федералниот буџет – поддршка изразиле само 29 отсто од анкетираните граѓани.
Исто така, САД забележале пад на глобалната листа за вредноста на државјанството – американскиот пасош сега е рангиран на 10. место, што е најслабата позиција досега. Според извештајот, овој пад е директно поврзан со актуелната надворешна политика на Белата куќа.
Истражувањето се објавува во период на зголемен внатрешен и меѓународен притисок врз Вашингтон, додека критиките за неговиот надворешнополитички курс стануваат сè погласни во јавноста и медиумите. ссм/
фото: архива