• четврток, 19 декември 2024

Тен Хаг нема никаква информација за состанокот на раководството на Манчестер јунајтед

Тен Хаг нема никаква информација за состанокот на раководството на Манчестер јунајтед

Манчестер, 10 октомври 2024 (МИА) – Тренерот на Манчестер јунајтед Ерик тен Хаг не е информиран за одлуките на шефовите на клубот по вчерашниот состанок.

Да потсетиме, во вторникот се одржа состанок на највисокото раководство на клубот од „Олд Трафорд“ на кој една од темите беше иднината на Тен Хаг во клубот.

Според „ESPN“, средбата меѓу раководните лица на Манчестер јунајтед траела околу шест часа. 

Ерик тен Хаг не добил никаква информација за евентуална одлука за главниот тренер па тој вообичаено ќе продолжи да се подготвува за мечот со Брентфорд кој ќе се одигра на 19 октомври.

Холанѓанецот моментално е на одмор и ќе се врати на работа в понеделник.

По седум одиграни кола, Манчестер јунајтед се наоѓа на 14. место во поредокот во Премиер лигата со освоени осум бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан