• петок, 05 декември 2025

Вардар ја победи фаворизираната Лозана

Вардар ја победи фаворизираната Лозана

Скопје, 24 јули 2025 (МИА) – Голем успех постигнаа фудбалерите на Вардар кои вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, ја совладаа Лозана со 2:1.

Иако гостите од Швајцарија важеа за голем фаворит, избраниците на тренерот Гоце Седлоски одиграа извонредно борбено, пожртвувано и сосема заслужено остварија предност.

Головите за македонскиот тим ги постигнаа Мато (45+2.минута) и Омерагиќ (78), Диаките погоди за гостите во 59. минута.

Ова беше натпревар од второто коло од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.

Реваншот е по седум дена во Лозана. зс/

Фото: МИА

Остани поврзан