• петок, 05 декември 2025

Шпанија го освои златото на Светското првенство во ватерполо

Шпанија го освои златото на Светското првенство во ватерполо

Сингапур, 24 јули 2025 (МИА) - Шпанската ватерполо репрезентација е победник на турнирот во ватерполо на Светското првенство во водени спортови во Сингапур.

Во финалето, попладнево шпанската репрезентација ја победи унгарската репрезентација со резултат од 15:13.

За Шпанија, ова е четврта победа на Светските првенства во историјата. 

Исто толку трофеи на Мундијалите имаат и Унгарија и Италија.

Во мечот за третото место, Грција ја победи Србија со 16:7. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан