• петок, 22 ноември 2024

Телефонски разговор Ердоган-Зеленски за кризата на Блискиот исток

Телефонски разговор Ердоган-Зеленски за кризата на Блискиот исток

Анкара, 21 октомври 2023 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и украинскиот претседател Володимир Зеленски телефонски разговарале за случувањата на Блискиот Исток, јавува Анадолија.

Како што се наведува во соопштението на Дирекцијата за комуникации на Турција, двајцата лидери разговарале за војната што Русија ја води во Украина, израелско-палестинскиот конфликт и хуманитарната криза во регионот.

Ердоган посочи дека е можно по мирен пат да се решат конфликтите во регионот, вклучително и израелско-палестинскиот конфликт. Тој рече дека Турција ќе продолжи да ги вложува сите можни напори за да го постигне тоа. ссм/

фото: архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан