• сабота, 18 мај 2024

Сулејмани: Драстично намалување на Блок дотациите за основното образование во Општина Чаир

Сулејмани: Драстично намалување на Блок дотациите за основното образование во Општина Чаир

Скопје, 12 декември 2023

Почитувани медиуми, почитувани граѓани, денеска сме тука заедно со директорите на основните училишта на општина Чаир и Секторот за образование и финансии на нашата општина, за да изразиме загриженост во врска со драстичното намалување на Блок дотации за основното образование на Општина Чаир од страна на Владата, поточно Министерството за образование и наука.

Според податоците од Министерството за финансии, планираните блок дотации за основното образование за 2024 година за општина Чаир од Владата на Северна Македонија изнесуваат 525 милиони денари, од кои само за платите на вработените во 10-те основни училишта, како и регресот кој од оваа година е задолжителен, ја опфаќат цифрата од 500 милиони денари, а преостанатиот дел од 25 милиони денари е премал за да ги покрие сите други трошоци како за: парно греењето, т.е нафта за греење, струја, други елементарни трошоци за функционирање на наставата, одржување на објекти, превоз на ученици и сл.

Значи оваа сума што ни ја додели Министерството за образование во форма на блок дотација за 10-те училишта на општина Чаир воопшто не е доволна за соодветно функционирање на едукативно образовниот процес.

Итно бараме од Владата и Министерството за образование и наука да ја преиспитаат оваа одлука бидејќи вака оштетуваат 10 основни училишта и околу 10.000 ученици, на кои имаме морална обврска да им обезбедиме реални услови за учење, а не милостина.

Намалувањето на блок дотациите ние го сметаме за уште една подмолна игра на Владата на Северна Македонија и Министерството за образование и наука, и тоа на сметка на децата, учениците, нашата иднина.

Владата заедно со Министерството за образование и наука наместо да се фокусира на обезбедување на најдобри можни услови за училиштата, следствено за образованието, тие го кратат буџетот за образование, наместо да обезбедат книги и учебници кои сè уште недостасуваат иако сме при крајот на првото полугодие, тие безмилосно го кратат буџетот за образование.

Наместо образованието да го издигнат на највисок пиедестал тие го омаловажуваат образованието.

Резултатите од ПИСА се само уште еден доказ дека нашиот образовен систем тргнал во погрешна насока токму со овие постапки кои му штетат на образованието.

 

Изјава од денешната прес-конференција на одговорното лице во Секторот за финансии на Општина Чаир, Блерим Сулејмани.

Општина Чаир

 _______________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан