• недела, 19 мај 2024

Старовоит: Најмалку еден цивил загина при напад на украинската армија врз руското село Тјоткино

Старовоит: Најмалку еден цивил загина при напад на украинската армија врз руското село Тјоткино
Москва, 19 мај 2022 (МИА) – Гувернерот на руската област Курск, Роман Старовоит на Телеграм објави дека еден маж загинал, а повеќемина се повредени во напад на украинската армија врз погранично село Тјоткино. - Уште еден непријателски напад врз Тјоткино, што беше изведен во зори, за жал заврши со трагедија. Во моментот се знае дека е убиен најмалку еден цивил, напиша Старовоит на Телеграм. Тој додаде и дека според првичните податоци, жртвата е возач на камион. - Во нападот има и ранети … Оштетени се неколку куќи во Тјоткино. Во селото во моментов се гаснат пожарите, истакна Старовоит. ми/

Остани поврзан