Средба на шефовите на италијанската и иранската дипломатија во Рим
- Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи одржа средба со неговиот италијански колега Антонио Тајани на маргините на индиректните разговори Техеран-Вашингтон во Рим.

Рим, 19 април 2025 (МИА) – Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи одржа средба со неговиот италијански колега Антонио Тајани на маргините на индиректните разговори Техеран-Вашингтон во Рим.
Иранскиот министер за надворешни работи пристигна во Рим на вториот круг индиректни разговори со САД, со посредство на Оман. Дискусиите се фокусираат на иранската нуклеарна програма и олеснување на санкциите.
Двете страни ја оценија атмосферата како позитивна и имаат за цел краткорочен договор.
- Рим станува главен град на мирот и дијалогот. Го примив иранскиот министер за надворешни работи Арагчи и го охрабрив да продолжи по патот на преговорите против нуклеарното оружје. Италијанската влада се надева дека заедно можеме да постигнеме позитивно решение за Блискиот Исток, напиша Тајани на Х. јт/
Фото: ДПА