• четврток, 17 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Средба на претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Ѓорѓиевски со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Азески

Средба на претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Ѓорѓиевски со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Азески

Скопје, 14 март 2025 (МИА) - Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, денеска се сретнал со претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, На средбата, како што соопштија од Општина Кисела Вода, разговарале за проблемите на бизнисите, децентрализацијата и инвестиционата активност на општините.

- Денес бев домаќин на претседателот на стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, со кого разговаравме на повеќе теми, значајни за бизнисот и општините. Стана збор за проблемите на бизнисите, децентрализацијата и инвестиционата активност на општините. Од претседателот бев информиран дека интересот на најголемата и најзначајна бизнис организација е да инвестиционата активност се пренесе низ целата држава, со што ќе се овозможи зголемен раст на бруто домашниот производ, како и остварување на целите од континуирано зголемување на растот, со што пак ќе овозможи поголем стандард за граѓаните и поголем профит за фирмите, изјавил Ѓорѓиевски.

Стопанската комора на Македонија, се наведува во соопштението, ќе ги поддржи сите интенции на Владата кои одат во правеец на остварување на раст од 4%, градење на правна држава, како и владеење на принципите на пазарната економија.

- Го информирав претседателот за активностите на општината на тој план, и  разменивме мислења за градење на имплементација на сите политики кои водат кон остварување на оваа суштинска цел - ослободување на сите невралгични точки за равој на бизнисот, создавање на поволна бизнис клима и изнаоѓање на решенија коишто ќе овозможат поддршка на сите бизниси кои остваруваат додатна вредност, водат сметка за заштита на еколошката средина и отвораат нови работни места, изјавил Ѓорѓиевски, соопштија од Општина Кисела Вода. цр/са/

Фото: Општина Кисела Вода

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан