Дука: Денеска посебен ден за Дебар, обезбедивме финансирање на 22 проекта
- Денеска е посебен ден за Дебар, обезбедивме финансирање на 22 инфраструктурни проекта и истите ќе ги реализираме, објави градоначалникот Хекуран Дука, откако денеска ги потпиша на договорите финансирани од средства на унгарскиот кредит.
Дебар, 17 јули 2025 (МИА) - Денеска е посебен ден за Дебар, обезбедивме финансирање на 22 инфраструктурни проекта и истите ќе ги реализираме, објави градоначалникот Хекуран Дука, откако денеска ги потпиша на договорите финансирани од средства на унгарскиот кредит.
-По долга работа, со посветеност, визија и упорност, денес ги потпишав договорите за секој од овие проекти - тие сега се во наши раце и ќе го започнат патувањето кон решавање на витални проблеми за градот и селата во Општина Дебар. Ова е резултат на напорната работа на сите оние кои беа вклучени во подготовката на проектите. Овој успех е заеднички - на секој жител на нашата општина, напиша Дука.
Со проектите се предвидува реконструкција на повеќе улици во градот, изградба на локален пат во село Долно Косоврасти, пат за село Бомово, реконструкција и доизградба на патни правци кон неколку села, изградба на канализациска мрежа во населбата „Венец два“, проширување на водоводната мрежа во градот.
-Честитки Дебар! Да се радуваме заедно за овие проекти што ќе донесат конкретни промени во секојдневниот живот на сите нас. Нема да застанеме – нè очекуваат предизвици, но ќе дојдат и други успеси, посочува Дука.
Според него сите проекти ќе бидат финансиски покриени од унгарскиот кредит во вкупен износ од над два милиони евра.
Во првиот повик Дебар доби четири проекти, со колку што и аплицираше, но еден од нив беше со кофинансирање од општината. вт/дма/
Фото: Хекуран Дука ФБ