• среда, 08 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ангелов: Пожарот делумно го зафати покривот на црквата кај село Мршевци

Ангелов: Пожарот делумно го зафати покривот на црквата кај село Мршевци

Скопје, 17 јули 2025 (МИА) - Попладнево во близина на скопското село Мршевци, Општина Илинден изби силен пожар, кој поради ветерот брзо се прошири на околината. Поради силниот ветер пожарот е проширен кон селото Бујковци и кон индустриската зона, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

- Според информациите кои ги имам, за жал, од пожарот делумно е зафатен покривот на црквата кај селото Мршевци, а други штети се уште не се пријавени, изјави Ангелов.

Тој посочи дека од густиот чад на автопатот Скопје-Куманово имаше намалена видливост, поради што дојде и до сообраќајна несреќа, па автопатот сè уште е затворен во двата правци.

-Поради силниот ветер не може да полетаат „ер-тракторите“ на ДЗС и хеликоптерите на Полицијата и Армијата и да се вклучат во гасење. На терен се скопската Пожарна, но и локално население. Со тешка маханизација се прават препреки пожарот да не се прошири, рече Ангелов и додаде дека во моментот кога ветрот ќе намали ќе полетаат  „ер-тракторите“  на ДЗС и Армијата.

Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), во земјава има 11 активни пожари. дма/

Фото: ДЗС

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан