Општина Маврово и Ростуше обезбеди средства од „унгарскиот кредит" за четири значајни проекти
- Потпишавме договори во Владата на Република Северна Македонија за финансирање на значајни се проекти во општина Маврово и Ростуше, во рамки на вториот повик за добивање средства од унгарскиот кредит, информираше градоначалникот Медат Куртовски.
Дебар, 17 јули 2025 (МИА) - Потпишавме договори во Владата на Република Северна Македонија за финансирање на значајни се проекти во општина Маврово и Ростуше, во рамки на вториот повик за добивање средства од унгарскиот кредит, информираше градоначалникот Медат Куртовски.

- Се работи за четири проекти во вредност од 58.920.834 денари од кои Владата ќе финансира средства во висина од 41.861.205 денари а општина Маврово и Ростуше ќе кофинансира средства во висина од 17.059.629 денари, додава Куртовски.
Според него, со овие средства ќе се изврши реконструкција на водоводот за снабдување со вода за пиење со резервоар во село Ростуше, санација на спортската сала во истото село, како и реконструкција на локален пат за село Рибница и за село Нистрово.
-Овие проекти ќе ги подобрат условите во општината кои ќе придонесат за поголем развој во иднина, оценува градоначалникот Куртовски. вт/дма/
Фото: Општина Маврово и Ростуше