• недела, 28 април 2024

Спасовски: Водици е празник на длабоките вредности на христијанството, нека тие бидат водич во секојдневниот живот

Спасовски: Водици е празник на длабоките вредности на христијанството, нека тие бидат водич во секојдневниот живот

Скопје, 19 јануари 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати честитка до православните верници по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици. 

- На овој ден кога водата станува симбол на чистота и обнова, нека се разлие благосостојба во секое семејство и дом и нека ни биде потсетник за обновување на нашата вера и духовно просветлување.
Водици е празник на длабоките вредности на христијанството - љубовта, милоста и прошката. Нека оваа светла порака биде водич во нашиот секојдневен живот, поттикнувајќи нè на дела на добрина и соживот, пишува Спасовски во честитката објавена на Фејсбук. 

Спасовски заедно со премиерот Димитар Ковачевски ќе присуствува и на чинот на положување на светиот крст во водите на реката Вардар во Скопје. бак/

Фото: фејсбук статус на министерот Спасовски

Остани поврзан