• недела, 22 декември 2024

Реакција на Кренар Лога од АА на изјава на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ

Реакција на Кренар Лога од АА на изјава на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 28 април 2024

Непочитуван г.Ковачки,

Ја примив Вашата порака. Го знам Вашиот интелектуален капацитет нереформиан кадар кој за среќа, во земја членка на НАТО нема преспектива и нема можност за добивање безбедносен сертификат, што за Ваша несреќа долгосонуваната позиција Министер за одбрана станува неостварлива. 

Оваа закана чувајте ја за себе. Во исто време Ви благодарам што нè мотиварате дополнително. Овие бесмислици од минатиот век, народски речено, не држат вода кај нас. Ќе ме имате секој ден во секој дел на оваа заедничка држава. Мојата Македонија е побогата од Вашата. Европска Македонија е далеку поубава и поперспективна за разлика од Вашата Македонија, која е  регресивна, изолирана, и е со тефтерче против своите граѓани. Неспособен полковнику, како Европски Фронт тука сме како гаранција дека оваа држава ќе се движи напред и дека оваа држава е на сите граѓани, како на Македонците, така и на сите останати од третата изборна единица... 
- 9308 Роми;
- 8628 Албанци;
-  5590 Турци;
-  5199 Бошњаци;
или вкупно 28725 гласачи незастапени во Собранието на Северна Македонија. 
И за крај коригирајте се, нема да има еден пратеник туку минимум три, бидејќи носител е проф. д-р Сулејман Баки (горд турчин на оваа држава), а втор на листата е Џевдет Садику (горд албанец од вашата Северна Македонија). 

Кренар Лога, генерален секретар на АА

___________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан