• недела, 05 мај 2024

Со изложбата „Реоткривање“ Струга ќе го одбележи Светскиот ден на уметност

Со изложбата „Реоткривање“ Струга ќе го одбележи Светскиот ден на уметност

Струга, 9 април 2024 (МИА) - По повод Светскиот ден на уметноста в понеделник во Европската куќа во Струга ќе биде отворена групна изложба „Реотркивање“.

Десет локални уметници ќе ги прикажат своите дела изработени во свој стил и техники.

- Ова е можност за подетално и индивидуално запознавање со авторите, како и нивната работа и планови, вели уметникот Христијан Томаноски, кој е еден од учесниците.

Љубителите на уметноста во наредниот период ќе имаат можност да уживаат и во изложбите на Даме Затуровски и Викторија Попоска во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. Струшкиот Центар за култура најави дека работат и на подготовките за Уметничката резиденција, на која ќе учествуваат уметници од земјава и странство.

- Во тек се и подготовките за третото издание на Уметничката резиденција, која ќе се одржи во првата половина на август, годинава со наслов „Ластар 2023 / Tendril 2023“. Работиме на веб-сајтот за оваа резиденција, вршиме селекција и други активности што подразбираат повеќе ангажман годинава, стои во информацијата на Центарот за култура.

Според соопштението, во тек се подготовки и на уметнички работилници и поддршка за активностите поврзани со изработка на уште еден мурал од страна на медиа арт клубот на МОФ во втората половина на месецов во Струга. сс/мд/

Фото: Europe House Struga

Остани поврзан