• четврток, 16 мај 2024

Сон започна преговори за долгорочен договор со Тотенхем

Сон започна преговори за долгорочен договор со Тотенхем

Лондон, 1 март 2024 (МИА) - Големата ѕвезда на Тотенхем, Хјун-мин Сон, многу наскоро ќе започне преговори за нов договор со клубот, кој ќе биде на подолг временски период, соопштува „Фудбал инсајдер“.

Сегашниот договор меѓу двете страни е потпишан во 2021 година, а истекува во летото 2025 година.

„Мамузите“ не се подготвени да слушаат понуди за Сон и главна цел е продолжување на договорот со корејскиот интернационалец.

Хјун-мин Сон е баран играч од голем број клубови во Саудиска Арабија, како и некои во Европа.

Тој има 395 настапи, 157 гола и 86 асистенции за Тотенхем од неговиот трансфер од Баер Леверкузен во 2015 година.дс 

Фото: Архива

Остани поврзан