• недела, 23 јуни 2024

Сончево и топло со локална облачност, температура до 35 степени

Сончево и топло со локална облачност, температура до 35 степени

Скопје, 16 јуни 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ-индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 34 степени.

Според прогнозата на УХМР, во понеделник и вторник во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Потоа се очекува период на стабилно и топло време со постепен пораст на дневната температура. хс/цр

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан