• понеделник, 15 јули 2024

Сомалија: Најмалку пет жртви во експлозија на автомобил-бомба

Сомалија: Најмалку пет жртви во експлозија на автомобил-бомба

Могадишу, 15 јули 2024 (МИА) – Најмалку пет лица загинаа, а 20 се повредени во експлозија на автомобил-бомба пред кафуле во Могадишу, главниот град на Сомалија, јавија локалните медиуми.

Нападот се случил синоќа кога пред кафулето имало голем број луѓе кои го гледале телевизискиот пренос од финалето на Европското фудбалско првенство.

Медиумите јавуваат дека бомбата пред кафулето најверојатно била поставена од членови на радикалната исламистичка група Ал Шабаб, поврзана со Ал Каеда и одговорна за бројни напади во Сомалија. јт/

Фото: Х скриншот

Остани поврзан