• вторник, 16 јули 2024

Вучиќ ги обвини земјите од регионот и нивните медиуми дека лажат против Србија

Вучиќ ги обвини земјите од регионот и нивните медиуми дека лажат против Србија


Белград, 15 јули 2024 (МИА)- Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека „нема проблем“ да биде „громобран“ за, како што рече, сите напади врз Србија и повторно ги обвини земјите и медиумите од регионот за „лаги“ насочени против Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Очекуваната кампања, сè за што зборував, опишав и напишав. Вистината на секое тврдење можеше да се види два часа по мојата прес конференција. Буквално како на команда, тие направија сè како што опишав. Сè - и во Сараево, Подгорица, Загреб , Приштина. Тоа нема да се смени. Јас немам проблем да бидам громобран за секакви напади врз нашата земја, изјави Вучиќ одговарајќи на прашања на новинарите.

Тој додаде дека Србија не се споменува во ниту една пресуда за геноцидот во Сребреница и додаде дека за тоа веќе две години слуша лаги кои доаѓаат од регионот.

Вучиќ кажа и дека одредени политичари и медиуми од регионот „две и пол години лажат“ дека Србија ќе започне војна.

-Ние не сакаме да војуваме, за разлика од сите оние кои сакаат да ја обвинуваат Србија и кои секојдневно војуваат, порача тој.

Вучиќ изјави дека во среда ќе отпатува за Лондон, каде што ќе се одржи состанок на Европската политичка заедница и додаде дека таму ќе има билатерални разговори со претседателите и премиерите на најважните европски земји, меѓу кои и со претседателот на Франција и холандскиот премиер.

-Интересно е што тоа се случува истовремено со изборот на највисоките претставници на Европската унија, пред се на Европската комисија, но за нас тоа е можност да разговараме со оние кои се во Европската унија. Веќе имам закажано билатерални средби со претседателите и премиерите на најважните европски земји, изјави Вучиќ.

Тој посочи дека за прв пат ќе има билатерална средба, на ваков самит, а имал неколку, со новиот холандски премиер, но и со францускиот претседател и многу други.

об

 

Остани поврзан