• недела, 22 декември 2024

НАТО ќе отвори свое претставништво во Женева, соопшти швајцарската влада

НАТО ќе отвори свое претставништво во Женева, соопшти швајцарската влада

Женева, 15 јули 2024 (МИА) - НАТО ќе отвори свое претставништво за мултилатерална координација во швајцарскиот град Женева, за да одржува врска со меѓународни и невладини организации со седиште во оваа држава, се наведува во соопштение од швајцарската влада.

Швајцарија, која добила официјално барање за помош од алијансата кон крајот на минатата година, ќе го олесни поставувањето на претставништвото како држава домаќин, се наведува во соопштението.

Денеска потпишаниот договор ги воспоставува основните услови како легалноста на претставништвото, неговите привилегии и имунитети, прецизира швајцарската влада. ссм/

фото: архива

Остани поврзан