• сабота, 21 декември 2024

Најмалку 35 лица загинаа при бура во Источен Авганистан

Најмалку 35 лица загинаа при бура во Источен Авганистан

Кабул, 15 јули 2024 (МИА) - Најмалку 35 лица загинаа, а 230 се повредени, при бура со пороен дожд во градот Џалалабад и околината во Источен Авганистан, соопштија локалните власти.

„Во понеделникот навечер дожд, предизвикан од громобранска бура, одзеде 35 животи и повреди 230 лица во Џалалабад и некои области на Нангархар", рече Курајши Бадлун, раководител на Департманот за информации и култура во провинцијата која граничи со Пакистан. „Бројот на жртвите веројатно ќе се зголеми", предупреди тој, додавајќи дека повредените и телата на загинатите се транспортирани до болницата „Фатима тул Захра“ во Џалалабад.

Повеќето загинати биле жртви на „силните дождови кои предизвикале уривање на дрвја, ѕидови и покриви на куќи“, додаде Бадлун. ссм/

фото: архива

Остани поврзан