• вторник, 16 јули 2024

Бразилската полиција започна мегаоперација против организираниот криминал во фавелите на Рио де Жанеиро

Бразилската полиција започна мегаоперација против организираниот криминал во фавелите на Рио де Жанеиро

Рио де Жанеиро, 15 јули 2024 (МИА) - Силите на редот во Рио де Жанеиро започнаа вооружена мегаоперација со учество на речиси 2000 службеници во десет населби со ниски приходи - фавели, а со цел да ја вратат контролата врз подрачјата каде доминираат организирани банди, се наведува во соопштението на бразилската Влада.

Полициските службеници се распоредени во западниот дел на бразилскиот град, кој во последните години стана зона на жестоки судири меѓу наркотрговци и милиции.

Операцијата, која има за цел и спроведување на налози за апсење, нема краен датум. Засега, полицијата извршила три апсења и конфискувала автомобил со три гранати.

„Специјалниот одред на државната влада е на улиците за да се бори против криминалните организации кои сакаат да го земат општеството како заложник,“ соопшти гувернерот Клаудио Кастро.

Партнери во операцијата што ја започна државната влада се морнарицата, општинските органи за спроведување на законот, кабелските и интернет операторите, услугите за вода, електрификација и гас. ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан