• вторник, 16 јули 2024

Исламски џихад: Жестоки борби се водат во центарот на Рафа

Исламски џихад: Жестоки борби се водат во центарот на Рафа

Газа, 15 јули 2024 (МИА) - Војното крило на палестинскииот Исламски џихад соопшти дека продолжува со напади врз израелските трупи и тенкови во јужниот град Рафа.

„Нашите муџахедини се вклучени во жестоки судири со митралеско оружје и противтенковски проектили со непријателските војници и возила во центарот на кампот Јабна во градот Рафа “соопштија Бригадите Ал Кудс преку објава на апликацијата Телеграм.

Очевидци за Ал Џазира изјавија дека израелските сили во западните и централните делови на градот уништиле неколку куќи. Медицински службеници соопштија дека пронашле 10 тела на Палестинци убиени од израелската војска во источните делови на градот. ссм/

фото: архива

Остани поврзан