• недела, 22 декември 2024

Папата Франциск повика на молитва за нови свештеници и калуѓерки бидејќи нивниот број се намалува

Папата Франциск повика на молитва за нови свештеници и калуѓерки бидејќи нивниот број се намалува

Рим, 15 јули 2024 (МИА) - Папата Франциск денеска ги повика религиските редови во рамки на Римокатоличката црква да се молат за нови членови бидејќи призна дека нивната иднина е загрозена, бидејќи бројот на мажи и жени кои влегуваат во католичкиот верски живот нагло опаѓа во некои делови од светот.

Повеќе од една деценија, вкупниот број католички свештеници и калуѓерки од Европа и делови од Америка е во опаѓање бидејќи нема доволен број нови членови за да ги заменат tие што умираат или едноставно ја напуштаат црквата. Повеќето од новите монаси и монахињи доаѓаат од Азија, Африка и Латинска Америка.

Новите свештеници во таканаречениот глобален југ го забавија севкупниот глобален пад, со вкупно 407.872 свештеници регистрирани во 2021 година во споредба со 413.418 во 2011 година, според официјалната статистика на Ватикан.

Но, намалувањето на бројот е многу побрзо и поочигледно кај женските религиозни редови, кои глобално се намалуваат повеќе од една деценија за околу 10.000 членови годишно поради природна смрт и напуштање на црквата. Иако има исклучоци, бројот на религиозни сестри ширум светот беше 608.958 во 2021 година, што е намалување од 713.206 една деценија претходно. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан