• понеделник, 15 јули 2024

Советот на ЕУ одобрил доделување 13 милиони евра за вооружените сили на Албанија

Советот на ЕУ одобрил доделување 13 милиони евра за вооружените сили на Албанија

Тирана, 15 јули 2024 (МИА) - Советот на ЕУ објави дека одобрил доделување 13 милиони евра за вооружените сили на Албанија. Средствата се од доделениот буџет за поддршка на мирот, од кој се обезбедува и помош за вооружување на Украина, јавија албанските медиуми.

Во соопштението се истакнува дека сумата што и е доделена на официјална Тирана ќе биде искористена за набавка на оклопни транспортери.

-Помошта е наменета за подобрување на способноста на Албанија да учествува во заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ, вклучително и во мисиите, операциите и меѓународните коалиции. Во областа на безбедноста, Албанија е сигурен партнер, земјата е кандидат за влез во ЕУ, истакнал високиот европски претставник за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, цитиран во соопштението.

Според него, Албанија целосно ги спроведува европските надворешно-политички одлуки, што е знак за јасниот стратешки избор на балканската земја. вт/рп/

Фото: Фб на Министерство за одбрана 

Остани поврзан